Петре Шилегов крои неразвоен и популистички ребаланс на буџетот на Град Скопје. Шилегов ќе го задолжи градот за над 5 милиони евра, а пред само неколку месеца доби 12 милиони евра од продажба на градската куќа.

Ова се истакнува во денешното соопштение од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, кое го објавуваме подолу:

Не се знае каде се 12 милиони евра од продадената градска куќа, на што се потрошени и кој одлучил така да се трошат?

Во ребалансот Шилегов предвидува поголема ставка за плати за администрацијата, што значи или дека се планирани нови вработувања пред избори или поделба на К-15 пред избори, нешто што не е направено 4 години. И едното и другото укажуваат на злоупотреби на градските пари.

И додека се расфрла со пари, Шилегов дава 2 милиони евра како субвенција за градските претпријатија, што укажува дека ако не е градот тие нема да можат да функционираат, што е показател за лошо и неодговорно менаџирање.

Со Шилегов во Скопје смрди на криминал.

Време е Шилегов да си замине. Време е за Македонија за сите луѓе!

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје