Украинската разузнавачка служба објави дека открила руски шпионски синџир.

– Еден од шпионите бил дури и вработен во главниот штаб на украинската армија, изјави Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски.

Тој не даде детали за тоа колку шпиони има во синџирот. Арестович наведе една од целите на групата. „Требало да соборат патнички авион над Русија или Белорусија и да ја обвинат Украина“, нагласи тој.

Тој додаде дека за планот требало да се користат противвоздушни ракети од украински резерви.