Репрезентацијата на Уругвај е вториот четвртфиналист на Светското фудбалско првенство, откако вечерва во Сочи ја совлада Португалија со 2:1.
Ова значи дека најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо нема да има шанса да се бори за трофејот. Претходно во текот на денот и за Лионел Меси заврши Мундијалот по поразот на Аргентина од Франција.
Така, во четвртфиналето нема да ги гледаме двајцата најдобри играчи во последната деценија.
А виновник за елиминацијата на Роналдо е Едисон Кавани кој вечерва ги постигна двата гола за уругвајскиот национален тим. Голот за Португалија беше дело на Пепе.
Во четвртфиналето Уругвај во петок на 6 јули, во Нижни Новгород ќе игра против Франција.