На хокеарскиот Мундијал што се игра во Словачка, познати се осумте репрезентации кои ќе се борат во четвртфиналната фаза.
Од групата А во четвртфиналето место обезбедија: Финска, САД, Канада и Германија.
Од групата Б селекции кои продолжуваат во четвртфиналето се: Русија, Шведска, Чешка и Швајцарија.
На денешната програма се шест натпревари по кои ќе се комплетира последното, 7. коло во групната фаза. Двојките се:
Чешка – Швајцарија
Финска – Германија
Норвешка – Летонија
Словачка – Данска
Канада – САД
Шведска – Русија.