Центарот на Милвоки Бакс, Пау Гасол нема да игра за шпанскиот национален тим на Светското првенство во Кина. 38-годишниот кошаркар ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скршена нога.

– Пау е многу важен за нашиот тим. Тоа што го губимее ужасно нешто. Тој е лидер и легенда на тимот. Ние го поддржуваме и сме убедени дека тој земал најдобро решение во оваа ситуација. Ќе се обидеме да се пласираме за Олимписките игри 2020 и да се надеваме дека Гасол ќе може да ни се приклучи, изјави тренерот на Шпанија, Серџо Скариоло.

Светското првенство ќе се одржи од 31 август до 15 септември во Кина. Шпанскиот национален тим во групната фаза на турнирот ќе игра со тимовите на Иран, Тунис и Порторико.