Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, рече дека би бил среќен ако во неговиот тим дојде играч од средниот ред на Реал, Лука Модриќ.
Во исто време, Спалети не верува дека тоа ќе се случи наскоро.
– Не знам што ќе се случи, но среќен сум кога некој како Модриќ сака да дојде кај нас. Фактот што постои можност тој да го носи дресот на Интер, ме исполнува со радост. Но, мислам дека е тешко да се добие таков фудбалер. Не сум сигурен дека ќе се пресели во Интер во многу скоро време, бидејќи Реал се уште смета на него, истакнува Спалети.
Во медиумите многу се шпекулираше со трансфер на Хрватот од Мадрид во Милано, но тоа не се случи во летниот преоден рок. Модриќ се појави на тренингот на Реал и се очекува да биде еден од носителите на играта по заминувањето на Роналдо.