Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции, ама верувајте дека МВР како институција и институциите кои работат во системот на спроведување на законот се тие кои го оневозможуваат тоа, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Секогаш постојат луѓе кои сакаат да бидат сојузници со криминал, нашата задача е да креираме систем кој ќе им се спротивстави. Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата, објави денеска Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

Инаку, Спасовски е еден од најактивните, ако не е најактивниот министер на Фејсбук. Тој на социјалните мрежи секојдневно работи на сузбивање на криминалот во Македонија, а во последно време е активен во еколошката акцијата на МВР „сината униформа за зелена околина“.