Приципот на солидарност за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 останува да ни биде водила и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес.

Тој, како што вели, е запишан како еден најтешките и најтажните денови во историјата на нашиот главен град, кога разорниот земјотрес ги зеде животите на над 1000 наши сограѓани и го остави зад себе Скопје во урнатини.

-Светот тогаш се обедини околу идејата за обнова на градот и со тоа Скопје во глобални размери стана многу повеќе од административен центар или место за живеење. Скопје стана град на солидарноста и со тоа симбол на една од темелните човечки вредности. Токму овој принцип на солидарност и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19 останува да ни биде водилка. Во справувањето со оваа криза освен подадена рака, неопходна е поголема лична одговорност и почитување на здравствените препораки, односно носењето маска, држењето дистанца и редовното миење на рацете се штитиме себеси и останатите, напиша Спасовски.

Скопје во својата долга историја, нагласува тој, никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани.

-Денес, 57 години потоа, ние се сеќаваме на жртвите на земјотресот, а на нас останува да му ги оддадеме достојното внимание и почит на градот., пишува во објавата на Спасовски.