Техничкиот премиер Оливер Спасовски информира дека сите македонски државјани кои беа оставени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија се тргнати со конвој кон Македонија.

– Сакам да информирам дека нашите граѓани коишто беа останати во меѓуграничната зона помеѓу Хрватска и Србија како и помеѓу Унгарија и Србија безбедно тргнаа во конвој кон (ознака на Македонија со знамето, з.н.)! Се за граѓаните!, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.