Безбедносната ситуација во државава е стабилна, објави вечерва министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски.

– Безбедносната ситуација во државата е мирна и стабилна, без никакви индикации за нарушување. Ние секогаш имаме предизвици во делот на тероризмот или на миграцијата, што е исто така еден од потенцијалните безбедносни ризици не се само за нас, туку и за сите земји во овој регион и пошироко. Со добрата координирана активност која што ја има МВР со нашите безбедносни служби – АНБ, Агенцијата за разузнавање и другите агенции за спроведување на законот во овој дел, на дневно ниво разменуваме информации и податоци и ги следиме трендовите, така што немаме никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба и заради тоа граѓаните можат да бидат спокојни, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

Пораката од министерот Спасовски е добра вест граѓаните да не се грижат за викендот кој штотуку почна.