Големото финале на Светското првенство во Катар донесе голема драма и победа на репрезентацијата на Аргентина во дуелот со Франција 4-2 (3-3 регуларен дел).

Аргентинците имаа убава предност од два гола, но тоа светскиот првак го анулира за две минути. И по продолженијата немаше победник, бидејќи беше постигнат по еден гол во секоја мрежа.

По 3:3 по 120 минути игра, Аргентина славеше со 4:2 во пенал-серијата, во која Коман и Чуамени не беа успешни во своите обиди, пред бекот Монтиел да ја завери титулата

На крај, одлучија пеналите, по кои поуспешни беа аргентинските фудбалери.

Аргентина по третпат стана светски шампион откако во спектакуларното финале на Мундијалот во Катар ја совлада Франција по подоброто изведување пенали, а Лео Меси го зацементира својот статус на аргентински фудбалски бог.