Годинашната победничка на Вмблдон, Симона Халеп (23), е Влаинка по потекло од Македонија, објави романскиот спортски портал Либертатеа.ро во текст посветен на тенисерката Халеп.

Романскиот Спортсњуз пренесува дека таа потекнува од тн. цинцар Власи, кои, како што пишува, го сочинуваат најголемиот дел од Власите во Македонија.

Спортсњуз тврди дека Халеп потекнува од најголемата група на Власи во Македонија, која, како што пишува, важи и за етникум со силно влијание во земјава.

– Цинцарите како дел од Влашката етничка група во Македонија се меѓу највлијателните етникуми во земјата, но не затоа што се претерано богати, туку затоа што силно се приврзани кон нивните традиции во Македонија, пишува Спротњуз, а пренесува Либертатеа.

Спортњуз исто така додава дека Халеп, најверојатно нема да се омажи ниту за Романец или маж кој потекнува од друго место во светот, освен со момче кое потекнува од Македонија, како што налага традицијата.

– Таа ќе ги почитува само фамилијарните традиции и најверојатно ќе се омажи за Македонец, кажал изворот за Спортњуз.

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на Грен слемот Вимблдон. Таа попладнево во два сета (6:2 и 6:2) ја совлада седумкратната победничка на турнирот Серена Вилијамс од САД во меч кој траеше 53 минути.

За Халеп ова е прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите.

Вкупен награден фонд на неофицијалното светско тениско првенство изнесува 49,4 милиони долари. Претходно, Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос.

Вилијамс, која уште еднаш не успеа да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 гренд слем титули, не личеше на себеси. Халеп стигна до титулата со само еден загубен сет на целиот турнир.

– Ова беше мојот најдобар меч. Мајка ми отсекогаш сонувала за ова. Тој ден дојде и таа беше тука, рече Романката, која лани славеше на Ролан Гарос.

Вилијамс (37) го загуби третото големо финале во последните 12 месеци.

– Симона играше како луда. Секој пат кога противникот игра така неверојатно, можеш само да му симнеш капа, призна Американката Вилијамс.