Романија загуби уште 23.000 жители во изминатата година, јавија романски медиуми.

Според романскиот Национален институт за статистика, на почетокот на годинава населението во Романија било 22 милиона и 171 илјада жители, додека на почетокот на 2018 година – 2.194.000, односно намалено за 23.000.

Според податоците, луѓето на возраст над 65 години се за над 434.000 повеќе од младото население (возраст од една до 14 години), соопшти Институтот за статистика.

Но, според проценките на ООН, во април 2019 година Романија имала само 19 милиони и 501 илјада жители.

Овој број на жители е приближно еднаков на бројот на жители што Романија го имала во 1966 година – 19,1 милиони. Во 1992 година, две години по падот на Никале Чаушеску, Романија имала 22,7 милиони жители, што значи во овие речиси 30 години загубила три милиони жители.

Интересно, ваков пад на населението во Романија немало ни во годините на Втората светска војна и по неа. Напротив, во 1941 година Романија имала 13,5 милиони, а во 1948 година 15,8 милиони жители.