Како што е објавено на ФБ профилот на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска имало среда помеѓу неа и Африм Гаши, лидерот на партијата Алтернатива. Арсовска е кандидатка поддржана од неколку политички партии меѓу кои и Алтернатива.

Деновиве таа е актуелна во јавноста со објавувањето на нејзиниот план за Скопје каде покрај бесплатниот градски превоз, се и набавка на 250 еколошки автобуси, закон за заштита на Водно, инфраструктурно подобрување на градот и поголемо внимание на градот за останатите населби.