Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот чешки колега Петар Павел разговараа во германскиот град Минхен за зајакнување на билатералната соработка во областа на воената индустрија, вклучително и заедничкото производство на оружје, објави Укринформ.

„Многу специфична и информативна средба со претседателот на Чешката Република, Петар Павел. Разговаравме за воена помош за Украина, проширување на соработката во областа на одбранбената индустрија на двете земји и заедничко производство на оружје“, напиша Зеленски во апликацијата Телеграм.

Шефот на украинската држава нагласи дека ја цени поддршката на Чешка за украинската формула за мир, како и сеопфатната помош за Украина и Украинците.

Во Минхен се одржува меѓународна безбедносна конференција која завршува денеска.

Фото: ЕПА