Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Во соопштението од Кабинетот на Пендаровски се наведува дека претседателот на Алијансата за Албанците, Села, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во неговата работа.
На средбата се разговараше за политичката состојба во Македонија и исполнување на стратешките цели и задачи во пресрет на значајниот период за државата.
Пендаровски повика на одговорен пристап на сите релевантни политички чинители во насока на исполнување на реформската агенда, а со цел напредок во европските и евроатлантските интеграции на Македонија.
На средбата Пендаровски ја нагласи потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата.
Претходно денеска Пендаровски се сретна со Африм Гаши, а вчера со Талата Џафери, Али Ахмети и Билал Касами.