Пратениците од владејачките партии и опозицијата на собрансиката Комисија за европски прашања денеска изнесоа различни ставови дали амандманската расправа за Изборниот законик почнала или не.
Претседаталот на Комисјата Артан Груби рече дека со повлекување на првиот амандман од технички причини од страна на Данев, расправата е почната. За Данев тоа не е така и побара тоа да се потврди од стенограмите.
Висок тон имаше и меѓу пратениците Петар Атанасов од СДСМ и Невена Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ како одговорна и државотворна партија има обврска да ја обезбеди идината на Македонија. Никој не смее и нема да им го ускрати правото на реферндум на граѓаните слободно да одлучуваат за својата иднина. Им се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема да остане заложник на нивниот криминал, рече Атанасов.
Тој посочи дека целта на измените на Изборниот закон е да се одблокира политичкиот процес во РМ.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Стаменковска рече дека на СДСМ им се брза да се избере ДИК, а на Атанасов да стане заменик-министер за образоваание.
– Но, жално е вие да бидете човекот кој ќе носи образовни програми за идните генерации во Македонија… Ние сме тие кои што се обидуваат да ја зачуваат унитарноста на РМ. Нашето име да остане Република Македонија. Не нарекувате предавници, но предавници се оние кои се обидуваат да го сменат името на Македонија, рече Стаменковска и побара законот да се води од, според нив, надлежната комисија.
По ова претседателот на Комисијата Груби даде пауза до 16 часот.