Граѓаните на Босна и Херцеговина и Македонија имаат најнизок животен стандард во споредба со другите Европејци, покажаа најновите податоци на Агенцијата за статистика на БиХ.

Така, само 41 процент од просекот на Европската унија изнесува вистинската индивидуална потрошувачка на граѓанинот во БиХ и Македонија, според стандардот на куповната моќ.

Граѓаните од сите други земји од поранешна Југославија живеат подобро од нас, па вистинската индивидуална потрошувачка во Словенија по глава на жител е колку што е 85 отсто од просекот на ЕУ, во Хрватска 62, во Црна Гора 56, а во Србија 45 проценти.

Луксембург традиционално го има најдобриот животен стандард и е над просекот на ЕУ за 32 проценти. Над просекот на ЕУ живеат и граѓаните на Германија, Австрија, Данска, Велика Британија, Белгија, Финска и Холандија. Во овие земји, индивидуалната потрошувачка по глава на жител е помеѓу 10 и 20 проценти повисока од европскиот просек.