СТЕФАН АНДОНОВСКИ: 54 проценти е стапката на невработеност кај младите, 25 000 годишно се иселуваат

/ 06.11.2019

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ советникот за надворешна политика од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски потенцираше дека според извештајот на Светска Банка бројот на невработени млади е покачен од 44,5 % на 54, 8 %, понатаму дека иселувањето е фрапантно и дека околу 25.000 млади се иселуваат годишно и дека тоа ја чини државата од 30 до 40 милиони евра на годишно ниво.

Додаде дека владата има 330 милиони денари скратени средства од буџетот кои што се наменети за образование што е поразителна бројка од кои 125 милиони денари наменети за инфраструктурата во истото.

Андоновски посебно стави акцент на младите доктори кои што се почесто посетуваат курсеви по германски јазик со мотив за наоѓање работа во Германија и перманентно иселување од државата што е директно поврзано со огромното иселување на млади во земјава.

Советникот за надворешна политика кажа дека младите добро живеат но само они кои што се иселиле во некои од европските држави.


Од истата категорија