Едното со другото, ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ, немаат никаква врска. ВМРО-ДПМНЕ е класичен антипод на СДС, изјави аналитичарот Милан Стефаноски во НАТКАСТ на КУРИР.МК.

Запрашан од новинарот Љупчо Цветановски за „врелите костени“ кои екс владата на СДС ги остави за да актуелната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ се справува со нив, меѓу нив и небулозното потпишување на пробугарскиот Француски предлог и неаргументираното внесување на Бугарите во Устав, како и сопките кои партијата на Филипче ги поставува вореформскиот процес со минирањето на европскиот Изборен законик, Стефаноски вели дека се работи за две сосема различни матрици.

-Видете, тоа се две целосно различни матрици. Станува збор за СДС со матрица околу која дејствува и линии кои задираат во  либерално-глобален поредок, финансирања од сорос и така натаму кои имаат стратегија држават да ја користат за трговија, а со тоа и националните интереси со тоа да можат да останат што подолго на власт за да можат што повеќе да крадат. Нивната стартегија во меѓународните односи е да  распродаваат и без проблем ги распродаваат државните интереси како начин на делување на таа „елита“, за да бидат аменстирани од криминал, понатаму да ги распродаваат компаниите и сите добра кои ги има државата, ЕВН, се сеќавате на транзицијата. И со тоа што ќе коленичат таму и ќе бидат секогаш посакуван партнер , бидејќи тоа се безрбетници во своето дејствување (најпопуларната девојка во маало), посочи аналитичарот во НАТКАСТ.

-Таа стартегија ги руши позициите на државата и многу и ги руши позициите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ  е антипод на сето ова и практично, ВМРО-ДПМНЕ со своето дејствување го бира овој реформски курс, да испорача резултати, резултати кои првично ќе треба да и помогнат и на државата и на граѓаните, почитувајќи ги и Копенхаген и вредностите на ЕУ кои ги имаме вложено во своите политики и одиме на фер-плеј утакмица. Едното со другото (ВМРО-ДПМНЕ со СДС) немаат никаква врска. Но, и на Фон дер Лајен и на ЕУ секогаш и се потребни такви како СДС за да имаат аргумент дека, во големата слика, ЕУ во моментот не е спремна за да се прошири. Тие ќе наоѓаат придавки, додавки, па дека дале патокази, па иреверзибилен процес, па Француски предлог, па Франција го блокираше, па Холандија проширувањето, па не сме спремни, па какви ли не процедури, потсети Стефаноски на се’ она што и се сервира на Макеоднија минатите децении.

-Не, не смееме да ги лажеме нашите граѓани, Европа не е спремна да се прошири на 27 плус во догледно време и сет ова е да се напради една атмосфера дека Европа е спремна. Јас паметам, во овие неколку години Фон Дер Лајен најмалку пет пати има кажано дека станува збор за моментум?! Значи, моментум е СЕГА и не може тој моментум да трае 5 години. Во таа смисла    ние се имаме изгорено како држава и имаме направено премногу отстапки,особено од нашите идентитетски одредниц, знамето, името, уставот и се’ така натаму, но тоа нам не ни донело ништо друго освен повторно понижување и ние како држава нема ексклузивитет да влеземе во океан во којшто нема правила, бидејќи таму малите страдаат. Нашата одбранбена стратегија е да поставиме принципи, реформи и тие реформи ги правиме заради нас. И да влеземе во ЕУ утре тие реформи ги правиме за нас. И затоа мора да внимаваме, граѓаните се обременети со некакви сложени реченици, курс, патоказ, едноставно да ги збуни дека ЕУ нема ексклузивитет на реформите кои вие треба да ги направите независно дали сте внатре или надвор. Постојат држави кои се многу добро реформирани имаат одлично владеење на правото, имаат многу добра економија, но не се во ЕУ, како Исланд на пример. Зошто, Венко на пример, би бил попаметен од Исланѓаните кои рекле НЕ на оваа ЕУ, внимавајте на ОВАА ЕУ. Оваа ЕУ не е истата онаа во која граѓаните сакаат да ја видат државата како дел од неа. Посебно кога имате две големи војни и конфликт меѓу либералите и суверенистите, кои во моментот се во големо водство против либералите во клучните држави, и ние сакаме да влеземе во океан каде што нема правила и лесно да се удавиме? Загрижува тоа што Венко е најгласниот социјалдемократ, иако социјалдемократијата треба да се занимава со сосема други прашања, таму веќе не владее социјалдемократија, а тие ќе бидат збришани во наредниите година-две и од политичката сцена во Европа, тој не може да ја спроведе во државата ова идеја затоа што владее со неколку рурални општини и така дојдовме до ситуација најгласниот портпарол во државата на европските неолиберали да биде Венко Филипче доведувајќи ги во заблуда граѓаните. Никој не може Македонија да ја изолира, особено не со високите оценки во реформскиот дискусрс каде што ние конзумираме финансиски средства и тоа е доказ дека ние ги почитуваме европските правила. Се’ понатака е пропаганда, потенцира Стефаноски во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.