Американскиот државен секретар Ентони Блинкен остварил телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел и и честитал за назначувањето на оваа функција, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница.

Двајцата вчера разговарале за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите, како и за тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, побезбедни набавки и технологии.

Ентони Блинкен и Марија Габриел, исто така, ја истакнале важноста од проширувањето на Европската унија за да се обезбеди стабилност и просперитет во регионот.