Триесет и три лица загинаа, а 18 се водат како исчезнати по обилните дождови во Пекинг, соопштија денеска кинеските власти.

Неколку десетици луѓе загинаа и во поплавите што ја погодија северна Кина. Властите во Пекинг во петокот соопштија дека 147 лица загинале и исчезнале како последица на природни катастрофи во јули.

Пекинг беше погоден од рекордни дождови во последните недели.

Властите денеска соопштија дека во невремето во Пекинг загинале 33 лица, најмногу во поплави и уривање на згради.