Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ќе се повлече од функцијата овој месец, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА.

Прајс е на функцијата од јануари 2021 година. Тој ќе остане во одделот и ќе работи директно со Блинкен.

За време на администрацијата на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, брифинзите за печатот на Стејт департментот станаа нередовни.

Американскиот телевизиски канал Ен-Би-Си јави дека Прајс ќе остане на функцијата до средината на март, по што ќе биде заменет од актуелниот заменик-портпарол Ведант Пател.