Велика Британија следната година ќе го зголеми буџетот за национална одбрана во обид да се справи со недостатоците и ранливоста поради војната во Украина, тврдат добро информирани функционери блиски до премиерот Риши Сунак.

Како што пренесува Блумберг, дополнителни средства ќе бидат издвоени за набавка на беспилотни летала, зајакнување на противвоздушната одбрана и електронско војување.

Изворите тврдат дека дополнителните пари, кои најверојатно ќе изнесуваат една милијарда фунти, се потребни за да се обноват залихите оружје што Велика Британија и го доставила на Украина во текот на изминатата година и да се подобрат постојните залихи.