Американскиот актер кој истовремено поседува и документи за жителство во Русија, го изнесе својот став за воениот конфликт во Украина, пренесува Индепендент.

Реакцијата на актерот доаѓа откако Си-Ен-Ен објави лажна вест дека Сегал бил во редовите на руските воени сили во Украина.

Зборувајќи за Фокс Њус, 69 годишниот актер вели дека тој ги гледа Русија и Украина како едно семејство.

– Многумина од нас имаат пријатели и роднини во Русија и Украина. Гледам на двете држави како една фамилија и верувам дека има надворешен ентитет кој троши огромни суми на пари за пропаганда која провоцира Русија и Украина да бидат во судир една со друга, изјави актерот Стивен Сегал.

– Моите молитви се со двете земји, се надевам дека ова ќе заврши мирно и дека повторно ќе може да живееме и напредуваме заедно во мир, додаде Сегал.

Во 2018 година американскиот актер Стивен Сегал стана специјален пратеник на САД во Русија со цел да биде посредник за подобрување на односите помеѓу двете светски сили во областа на хуманиратноста, културата и младинската размена.

(М.П.)