Оружјето наменето за Украина кое пристигнува од Запад нема да транзитира преку Унгарија, изјави унгарскиот претседател Виктор Орбан.

– Одлучивме дека нема да дозволиме транзит на такви испораки, рече тој во изјава што ја објави унгарската новинска агенција МТИ доцна синоќа.

Унгарија, која е членка на Европската унија и НАТО, има 140 километри долга граница со Украина, која од минатата недела е нападната од руските сили.

Орбан рече дека неговата одлука се заснова на фактот дека повеќе од 100.000 етнички Унгарци живеат во западниот украински регион Закарпатија и оти нивната безбедност ќе биде загрозена ако се дозволи таква испорака.

Орбан кој се смета за близок на рускиот претседател Владимир Путин, не ги блокираше санкциите на ЕУ против Русија по инвазијата, ниту одлуките за испраќање оружје во Украина.

– Во интерес на унгарскиот народ е Унгарија да остане надвор од оваа војна, рече Орбан во повеќе наврати.