Режимот на власт освен за поткуп не знае за ништо друго! Одлучи да доделува до 30% на плата на администрацијата по министерствата, на стартот на изборен период. Режимот спроведува класична системска корупција за над 20 илјади буџетари! Ова е владиниот документ, од 5-ти август, во којшто се наведени сите министерства и сите владини служби за можност на оние, „со зголемен обем на работа“ и, внимавајте „вреднување на нивната успешност,“ селективно да им се даваат бонуси на плата по два основи, вкупно по 30% од платата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Потсетувам, одбија амандман за пари за набавка на противпожарни возила, тоа го одбија, сега јасно е зошто – за да има пари за системски поткуп, за селективни 30% на плата за партиски војници во администрацијата. Срамно и жално! Додека Македонија гори, тие мислат на поткуп. Додека Македонија е во рецесија, тие мислат на поткуп! Додека Македонија има 60 илјади нови невработени и илјадници затворени компании, тие си делат бонуси од Буџетот за своите послушници. Режимот ја партизира администрацијата, предизборно ја полни со партиски послушници, сега пред избори им дели по 30% бонус на плата. Срамно и понижувачки. Фактот дека речиси цела година администрацијата под режимот спиеше, не одеше на работа, нема пасоши, нема лични карти, нема можности да се извадат документи, нема никаква реализација на проекти, фактот дека речиси цела година не се одеше на работа, затворени бевме во карантини, фактот дека државата економски тоне, за нив ништо не значи. Дури и секторот на Драги Рашковски ќе земе бонус!, вели Стоилковски.

Тој додава дека во Буџетот немаше пари за пожарникарите, нема опрема за гаснење пожари, немаше за вакцини на време, немаше за ништо, ама за бонуси на плата среде рецесија мора да се има!

-Ова е класичен режим. Ова е награда за послушност, награда за следење на несоодветните, за спроведување на недоветните одлуки, ова е награда пред избори за своите партиски војници. И тоа по лична проценка на режимот! Над 20 илјади административци се поткупуваат со буџетски пари, пораката е бидете послушни и безпоговорни пред лошите одлуки и ќе добиете бонус. Приватниот сектор незадоволен од мерките, а е носител на економијата е оставен сам на себе. Ама важно има за буџетската партиска војска. Веројатно и за тие пари за поткуп повторно тајно се качи акцизата на горивата! Режимот освен поткуп не знае за ништо друго. Системски поткуп за администрацијата и министерствата, а поткуп на терен спроведуваат и функционери од СДСМ со делење пакети помош кои што се дел од програмата и заемот од Светска банка! Срам тежок. Ова мора да има крај! Нема проекти има само класичен поткуп. Нема економија има само криминогеност и провизии. Нема одговорност има само уништување, корупција и државно спонзорирана дискриминација! Нема полошо од СДСМ за Македонија, потенцира Стоилковски.