Стево Пендаровски вели дека опозиционери го консултирале за амнестија на Груевски. Дали тие лица за кои што зборува се обратиле и кај вас?, беше едно од новинарските прашања до Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција. Во одговорот тој истакна:

-Пендаровски да престане да се користи со флоскули и титули, туку јасно да излезе во јавноста кои тоа се консултирал со него за амнестија, во спротивно ќе го сметаме за уште една пласирана лага од него. За жал претседател на државата е фикус на власта и претседател лажго.

На прашањето дали „го делите ли ставот со партиите од албанската опозиција дека измените на КЗ се за амнестија на Груевски и 2/3 мнозинство за уставните измени„, Стоилковски одговори:

-ВМРО-ДПМНЕ е голема партија со свои јасни ставови. Измените на КЗ се за амнестија на власта, обид да се спасат од одговорност, 6 години ја водат државата во криминал, корупција и сиромаштија и за тоа ќе одговараат!