Македонскиот ракометен првак вардар го очекува дуел со Мешков Брест во шестата рунда од Лигата на шампионите. Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов смета дека Вардар е фаворит, но во никој случај не го потценува ривалот.

– Имаат нов тренер што покажува дека нешто е сменето. И досега покажаа дека имаат квалитет. Ние треба да покажеме дека сме фаворити. Имавме проблеми во тимот со повредени, а сега и со суспензија. Но, тоа е тоа, нема оправдување и мора да се оди на победа, изјави Стоилов.

Натпреварот е закажан за в сабота во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Во пресрет на овој дуел Вардар е на делба на првата позиција на табелата во А-групата со Барселона и Киелце имаат по осум бода. Мешков Брест по пет кола има две победи и три порази.