Еден новитет во пресрет на следните натпревари на македонската машка ракометна репрезентација е враќањето на легендата Стојанче Стоилов.

Поранешниот репрезентативен кружен напаѓач е засилување за Македонија во стручниот штаб, каде што ќе работи со Кирил Лазаров и останатите.

Стоилов, кој по завршувањето на играчката кариера остана во Вардар 1961 и е еден од помошниците на Владо Недановски и Гиљермо Милано.

Сега тој ќе биде уште еден во низата поранешни репрезентативци на Македонија кој ќе биде дел од стручниот штаб на Лазаров. Претходно, помошници на селекторот беа Ангеловски, Миркуловски и Јоновски…