Носителот на листата во изборната единица 6 Дафина Стојаноска, денеска даде изјава пред фабриката “Леар” во Тетово, која рече дека е резултат на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот мандат.

„Наместо странски инвестиции, СДСМ ја донесе Република Македонија на последното место по растот на БДП во Европа. СДСМ единствена гранка на која посвети внимание е рекетот кој владее, со што придонесе за скептицизам кај странските инвеститори да вложуваат во нашата држава“, вели Стојаноска.

Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма нуди проект за рамен данок од 8% и 0% оданочување на реинвестираната добивка, намалување на основицата за пресметка и уплата на придонеси за задолжително социјално осигурување, 0% оданочување за младите вработени до 29 години, капитални инвестиции до 4% од БДП и намалување на невработеноста во државата под 10%.

Со овие мерки и проекти од ВМРО-ДПМНЕ државата ќе се врати на патеката на успешните бизнис земји во светот, додаде Стојаноска.