Македонците во Бугарија го поздравуваат барањето на Обединетите нации преку Канцеларијата за човекови права да побара нивната матична земја да признае постоењето на македонско малцинство.

Оттаму велат дека е крајно време некој да и предочи на Бугарија дека мора да ги почитува правата на граѓаните кои не се чуствуваат за Бугари и да им овозможи слободно да ги практикуваат своите образовни и национални права.

Но, Македонците од Бугарија се разочарани од односот на актуелната власт која најпрво со Договорот со Грција, а сега и со тој за пријателство со Софија практично се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните земји.

– Владата се интересира само за влегување во ЕУ по секоја цена. За властите ние никогаш не сме имале некоја вредност, така што сме евтини, нешто што тие би го дале и беспари-вели за Пресинг ТВ, Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин.

Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.

Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.