За САД и Европа, Кина е најсериозниот долгрочен предизвик додека Русија е најопасниот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

-Путин ја врати војната во Европа во размери невидени од Втората светска војна, и развива нови стратешки оружја да се закани на Соединетите Држави и сојузниците, изјави Столтенбер денеска во настап што се одржа во фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон.

Посочи дека војната на Путин не е само да ја контролира Украина, „се работи за повторно враќање на руските сфери на влијание и оформување алтернатвен светски поредок, каде моќта на САД е намалена, НАТО е разделено а малите демократии коленича“.

Столтенберг рече дека и останатите авторитарни режими во Иран и Северна Кореја го шират своето агресивно однесување.

-Техеран ги помага терористите и милитантите кои ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море и американски воени бази но Блискиот исток… Пјонгкјанг проолжува да тестира проектили што можат да достигаат цели во Јужна Кореја, Јапонија како и САД.

Кина, Русија, Иран и Северна Кореја се повеќе се поврзуваат, заедно ги подриваат санкциите, го осаобуваат финанскиот систем заснован на америлканскиот долар, ја разгоруваат војната во Европа и ги злоупотребуваат предизвиците во нашите општетсва како тероризам, подривачки технологии или имиграцијата, рече Столтенберг.

Истакна дека САД има водечка улога во спротивставувањето на оваа авторитарна оска и посочи дека парите потребни за подршка на Украина се сосем мал дел од вкупниот буџет за одбарана на САД.

-Од почетокот на војната САД (за Украина) обезбедија 75 мипијарди долари. Останатите сојузници и партнери обезбедија 100 милијарди долари… Подршката за Украина не е милостина, тоа е инвестиција во нашата безбедност, истакна Столтенберг.

Рече и дека подршката за Украина е во сопствен интерес на Америка.

-Ако не го запреме кругот на агресијата на Русија во Европа, другите ќе научат лекција дека употребата на сила против Америка работи. Цената на нашата безбедност ќе се покачи, изјави генералниот секретар на НАТО.