Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека е убеден оти членките на НАТО брзо ќе донесат одлука за прием на Финска и Шведска во таа Алијанса.

Столтенберг во обраќањето кон Данска рече и дека верува оти Украина ќе ја добие војната.

Генералниот секретар на НАТО Алијансата нагласи дека Алијансата е во близок контакт со Финска, Шведска и Турција и дека работи на решавање на загриженоста на Турција, пренесе Танјуг.