Сплит, Задар и Вела Лука се простија од музичката легенда Оливер Драгојевиќ, кој почина на 71 годишна возраст. На плоштадите граѓаните ги пееја неговите песни.

Околу триста сплитќани се насобраа во чест на музичката легедна пред старото градско собрание, а на скалите пред зградата стоеше женска клапа која држеше ритам.

Пееше и Вела Лука

Од Оливер се простија и во Вела Лука. Граѓаните се собраа пред неговата куќа и запеаја.

Се простуваше и Задар

И во Задар се насобраа граѓаните на плоштадот за се простат од музичката легенда со песна.