Српската полиција утрово на автопатот Белград – Ниш запрела автомобил управуван од странски државјанин во моментот кога тој возел со брзина од 228 километри на час, јавуваат српските медиуми.
Според информациите, возачот веднаш бил приведен и изведен пред надлежен судија. Судот му одредил казна затвор од 30 дена и забрана за управување автомобил на територијата на Србија во траење од 9 месеци прогласувајќи го за виновен за „насилничко возење“
Странец фатен со брзина од 228 на автопат
