Пропадна референдумот во Македонија за новото име на државата, Слаба излезност на референдумот, Дебакл на референдумот во Македонија, Македонија на референдум за промена на името на државата, излезноста е многу мала…

Тоа се само мал дел од насловите во медиумите во регионот и во светов што се посветени на денешниот неуспешен референдум за промена на името на Република Македонија во Северна.

Во 19 часот се затворени гласачките места на кои граѓаните можеа да се изјаснат на референдумот за промена на името на државата во Република Северна Македонија, пишува Дневник.ба.

Слабиот одѕив го доведува во прашање референдумот, а противниците слават, јави Танјуг.

Одѕивот на референдумот до 18,30 часот, половина час пред затворањето на гласачките места, е 34,09 отсто, од потребните 50 отсто плус еден глас.

Успехот на референдумот во Македонија, кој многумина го нарекуваа историски, за смена на името и евроатлантски интеграции, по се судејќи е доведен во прашање, а Асошиејтед прес јавува дека противниците на референдумот веќе слават на улиците, поради слабиот одѕив на гласачките места за денешното изјаснување.

Приврзаниците на бојкотот се собраа вечерва пред Парламентот во Скопје, се радуваат и извикуваат Македонија, Македонија…