Во Струмичко е намален бројот на тутунопроизводители во споредба со лани.
Во 2018 година биле пријавени 2.750 производители на тутун, а оваа година се издадени околу 500 евидентни листови помалку.
Според Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“ од село Василево, намалениот број на тутунари се должи на тоа што производителите престануваат да се занимаваат со одгледување тутун или заминуваат во странство.
– И покрај лошите временски услови околу 40 отсто од планираните површини се посеани со тутун. Дел од производителите имаа проблеми и со расадот поради дождовите, но полека се надминува и тој проблем. Очекувам сеидбата на тутунот да заврши до 10 јуни и некаде на крајот на јули и почетокот на август треба да почне бербата од годинашнава реколта, рече Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“ од село Василево
Инаку, лани во Струмичкиот регион беше зголемен бројот на тутунопрозводителите во споредба со изминатите години. Според евидентните листови биле пријавени 2.750 производители на тутун, односно за 150 повеќе од 2017 година