Четврти ден по ред, Грција е зафатена од студен бран со несвојствено ниски температури за овој период од годината и можност за локални врнежи од снег, дури и во деловите со мала надморска височина, според податоците од Националната опсерваторија во Атина  и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на викендот, ниските температури донесоа и снег во речиси сите делови на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а според прогнозите и во текот на денешниот ден се очекува облачно и студено време, со дожд или лапавица во приморските и ниски области.

Во текот на денешниот ден, според Националната опсерваторија, најниски температури, до 11 степени под нулата се очекуваат во северна Грција.