Денешното рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро „Монструм“ на Јавното обвинителство, е одложено поради смртен случај на еден од поротниците.

На претходното рочиште беа прочитани повеќе разговори меѓу н.н. лица со семејството на обвинтите и во притвор за случајот, кои прашуваат како се и дали знаат што се случува со нив. Потоа беа прочитани и транскрипти од разговори меѓу Али Ахмети, Артан Груби и Муса Џафери.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.