На денешното судење за криминалната афера Рекет, при вкрстеното распрашување на сведокот Орце Камчев, Бојан Јовановски- Боки 13 го побара да раскаже за средбата што ја имале вомеѓу 15 до 20 март.

– Тоа се случи во домот на Јовановски и тој ме повика да разговараме за некоја важна работа. На средбата беше присутен и актуелниот министер за здравство Венко Филипче, рече Камчев.

Прашањето од Боки 13 до Камчев беше:

-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект, го праша Јовановски сведокот Камчев.

Бизнисменот Камчев не сакаше да одговори, но откако судијката инсистираше на одговор, бизнисменот рече:

– Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев.

Тој дури на инсистирање на обвинетиот Боки 13 за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.

Камчев додаде дека му била понудена една работа, но тој ја одбил.