Граѓаните кои попладнево мирно протестираа во Тетово поради починатите во пожарот во монтажната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им бил забранет пристапот.

Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.

Засега нема информација за повредени.

Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во монтажната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со Ковид 19 кои биле на лекување.