Мајтап по социјалните мрежи на сметка на министерот Филипче во врска со фотографиите од свадбата на градоначалникот на Центар, Саша Богданпвиќ на Косово.
На фотографијата како што гледате, овековечени се младоженците и гостите, сите без заштитна маска, исто како и фотографијата на Александар Пандов од некој партиски состанок што бече дочекано на нож од министерот за здравство.
Свадбата инаку се одржа на Косово, зашто во Македонија се забранети ваквите собири, но тоа не го менува фактот дека тие луѓе кои не ги почитувале мерките, ќе се вратат во Скопје. Па, така како што на Филипче не му беше сеедно за сликата на Пандов, не би требало да му биде сеедно ни за оваа фотографија. Но, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Богдановиќ нема побарано оставка од Филипче, па веројатно нема да заслужи и негов ироничен твит.
Инаку, на фотографијата се гледа и свештеник кој неверојатно наликува на Јован Вранишковски.