Денеска е 5 јуни (по стар стил) и се слави Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски. Именден е на Доротеј, Дарко, Доријан…
Доротеј е епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за православната вера.
На земјата живееше сто и седум години и откако му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот.
Беше многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“.