Денеска е 12 јули (по стар стил) и се слават Светите маченици Прокло и Илариј.

Овие маченици беа родум од Калипта во Азија, Проклo му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан.

„Од кој род си?“, го праша судијата Прокл. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“. Кога судијата му се закани со маки, Проклo рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“

Кога го мачеа Проклo, тогаш Илариј му пристапи на судијата и рече: „И јас сум христијанин“.

После многу мачења обајцата беа осудени на смрт, и тоа Проклo го распнаа на крст, а на Илариј му ја отсекоа главата со меч. И отидоа обајцата во радоста на Господ.