Според календарот на МПЦ денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски.

Свети Евсевиј живеел во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси. Свети Евсевиј во тоа време бил епископ во градот Самосат, во Антиохиската област.

Во текот на долги години додека на царскиот престол се менувале цареви аријанци, Евсевиј истрајувал во правото исповедање на верата. Од таа причина бил испратен и во прогонство. По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, умрел од раната што му ја нанела една жена аријанка.

Денеска, според католичкиот календар, е Славенски апостоли св. Кирил и Методиј.

Живееле во деветтиот век. Биле родени во Солун. На повик на кнезот Ратислав ја ширеле верата во Моравија. Искоренувајќи ги поганските заблуди, тие го натерале народот да се откаже од паганските обичаи.

Литургиските книги напишани според глаголското писмо, тие ги превеле на старословенски јазик. Свети Кирил умрел во Рим во 869 година, а Методиј станал бискуп. Отишол во Панонија и започнал да го проповедува Евангелието. Свети Методиј умрел во 885 година во Велеград.