Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 203.665 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 8.231, а оздравеле 82.866 луѓе.

– Прв случај на коронавирус во Џибути, шпански државјанин кој пристигнал на 14 март.

– Триесет и три нови случаи на заразени од коронавирус во Русија, вкупно досега се потврдени 147.

– Шест нови случаи на заболени од Ковид-19 во Шри Ланка, вклучувајќи и петмесечно бебе. Мајката е позитивна на тестот, а таткото се тестира во моментот.

– Во Норвешка се потврдени 52 нови случаи на заразени од коронавирусот, а еден жител на Лилестром починал. Вкупниот број на заболени во земјата е 1.523, а на починати четворица.

– На Малта се регистрирани десет нови случаи на Ковид-19 и вкупниот број изнесува 48.

– Билансот на заразените лица од коронавирус во Иран се зголеми за 1.192, а на починатите за нови 147 лица. Со тоа бројот на заболени во земјата достигна 17.361, а на починати 1.135.

– Нови 552 заразени луѓе од коронавирус во Германија, со што бројката достигна 9.919, а починати се 26.