Од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението.

Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Светските банкари предупредуваат – мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд, објави ТВ 24.

– Кога ќе го споредиме одливот на таленти од РСМ споредено со земјите од Источна Европа, 24 земји од Источна Европа практично Макеоднија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар. изјави за телевизијата Бојан Шимбов, економист во Светска банка.

Светска банка го презентираше полугодишниот извештај за Западен Балкан. Ја покачи стапката на економски раст за земјава од 2,9 на 3,1 отсто за годинава, што пак е под оптимистичките прогноза на Владата од 3,5 проценти.