Повеќе од 46 милиони од вкупно над 66,5 милиони заразени луѓе со коронавирусот во светот закрепнале од болеста.
Според податоците на страницата за следење на пандемијата „Ворлдометерс“ досега 46.009.550 се излекувале од Ковид-19.
Вкупно 66.501.425 случаи се регистрирани низ целиот свет, а починале 1.529.154 лица.
Во моментов, активни се 18.962.721 случаи.
Најзагрозена земја во светот сè уште се САД со 14.798.022 заразени и 286.024 смртни случаи, а 8.664.745 лица се излекувале.