Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница.

„Овие лица ги почитуваат законите на Република … Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава.

Во групата има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Република … Македонија.

Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава.

СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите“, велат од МВР.